Контктирајте не

Фејсбук

ИСО сертификат

Брзо и едноставно со овој тест дознајте како EyeSTAR може да Ви помогне

Тест за почеток

Дали имате 18 години или повеќе?

Не Да

Дали имате проблеми со крварење (кое се должи на болести на крвта)?

Не Да

Дали сте бремена?

Не Да

Дали вашиот препишан диоптер се има сменето повеќе од 0.5 во последните 6 месеци?

Не Да

Дали сте дијабетичар, дали вашето ниво на шеќер во крвта е недозволливо?

Не Да

Дали имате психијатриски ( ментални) болести?

Не Да

Дали имате некакви коронални болести (на рожницата) (како кератоконус или корнеална ектазија)?

Не Да

Нажалост, вие не сте подобна личност за ласерски третман на окото

Повтори

EyeSTAR LASIK: Катаракта

Типот на катарактата кој го имате ќе влијае точно на тоа кои симптоми вие ги имате и колку брзо тие ќе се појават. Кога нуклеарната катаракта се развива на почетокот, може да се појави времено подобрување на вашето гледање во близина, наречено „ втор вид“. За жал подобрувањето на видот е краткотрајно и ќе исчезне со влошувањето на ктарактата. Во меѓувреме супкапсуларната катаракта може да не покажува никакви симптоми додека не се развие максимално. Ако мислите дека имате катаракта, одете на очен доктор.

Што предизвикува катаракта?

Никој не знае со сигурност зошто очната леќа се менува со текот на годините формирајќи катаракта. Научниците постојано идентификуваат фактори кои можат да предизвикаат катаракта и информации кои можат да ја спречат истата. Многу студии укажуваат на тоа дека изложеноста на ултравиолетова светлина е поврзана со развојот на катарактата, па затоа офтамолозите препорачуваат носење очила за сонце и шапки со широк обрач, со што би се намалила изложеноста. И други видови зрачење можат да бидат причинители. На пример во 2005 год. студија напревена во Исланд кажува дека пилотите имаат поголем ризик од развивање нуклеарна катаракта, а причината е изложеноста на космичкото зрачење. Слична теорија сугерира дека астронаутите, исто така, се изложени на ризик од космичко зрачење.
Други студии покажуваат дека луѓето со дијабетес се изложени на ризик да развијат катаракта. Истото важи и за корисници на стероиди, диуретици и повеќето лекови за смирување, но повеќе студии се потребни за да се направи разлика на ефектот на болеста од последиците на самите лекови.
Некои очни лекари веруваат дека исхраната богата со антиоксиданси, како бета- каротин ( витамин А) , селен и витамините Ц и Е , може да спречи развој на катаракта. Во меѓувреме, јадењето многу сол може да го зголеми ризикот.
Во ризични фактори се вклучуваат пушењето цигари, загадувањето на воздухот и прекумерното консумирање алкохол. Мала студија објавена во 2002 година, покажа дека изложеносат на олово може да биде ризичен фактор; друга студија во декември 2004 година , спроведена на 795 мажи на возраст од 60 и повеќе години, дојде до сличен заклучок. Но потребни се поголеми студии за да се потврди дали олово дефинитивно може да се стави во ризичен факторите и ако е така , дали ризикот е од една доза во одредено време во животот или од хронично изложување низ годините.

Лекување на катарактата

Кога симптомите почнуваат да се појавуваат, можеби ќе можете да го подобрите вашиот вид користејќи нови очила, засилeни бифокали, зголемување, соодветно осветлување или други визуелни помагала. Размислете за операција, кога вашата катаракта напреднала доволно за сериозно да го нарушат вашиот вид и да влијае на вашиот секојдневен живот. Многу луѓе сметаат дека слабиот вид е неизбежна последица на стареењето, но операцијата на катаракта е едноставна, релативно безболна процедура за враќање на видот.
Операцијата на катаракта е многу успешна во враќање на видот. Всушност, таа најчесто е изведувана операција во САД, со повеќе од 1,5 милиони операции на катаракта направени секоја година. Девет од 10 луѓе кои направиле операција на катаракта го повратиле добриот вид, некаде помеѓу 20/20 и 20/40.

За време на операцијата, хирургот ќе ја отстрани вашата заматена леќата и во повеќето случаи ја заменува со јасна, пластична интраокуларна леќа (IOL). Новите IOL се развивааат цело време за да се направи операција помалку комплицирана и за хирурзи, а и леќите да бидат повеќе корисни за пациентите. Еден пример е нов IOL која овозможува пациентите гледаат на сите растојанија, а не само едно. Уште една нова IOL ги блокира и ултравиолетовите и сините зраци, за кои истражувањата покажуваат дека може да ја оштети ретината (види илустрација)

Интраокуларната леќа (IOL) е вградена во окото на местото на природната леќа на пациентот. Прикажани се нови AcrySof Alcon природни IOL материјалот од кој е изработена леќата е жолт затоа што не ја филтрира сината светлина, која може да биде штетна за очите.
При операцијата на катаракта, облачни леќа се отстранува од окото. Во повеќето случаи, фокусирачката моќта на природната леќа се обновува со замена со постојана интраокуларна леќа (IOL) имплант.

Откако вие и вашиот очен лекар одлучите дека катарактата треба да се отстрани, очниот хирург ќе ви ги испита очите. Прашајте го хирургот дали треба да продолжи со своите вообичаена лекови. Окото се мери за да се утврди соодветна моќ на интраокуларниота леќа која ќе бидат сместени во окото за време на операцијата.
Операција на катаракта обично се изведува во амбуланта. Може да биде побарано од вас да го прескокнете појадокот, во зависност од времето на операцијата. По пристигнувањето за хирургија, ќе ви бидат дадени капки за очи, а можеби и лекови да ви помогнат да се релаксирате. Еден локален анестетик ќе ја направи операција безболна.
Кожата околу очите ќе биде темелно исчистена и околу вашата глава ќе бидат поставени стерилна покривки. Под оперативен микроскоп, ќе се направи мал засек во окото. Хирургот или ќе ја отстрани леќата како што е или ќе користи ултразвук, ласер или хируршко решение за да се пробие до леќата, а потоа да ја отстрани. Задната мембрана на леќата (наречена задна капсула) е оставена на место.
Пластични интраокуларни леќи IOL ќе бидат поставени во внатрешноста на окото да ја замени природната леќа која беше отстранета. Засекот потоа ќе се затвори. Конците кои се користат ретко кога треба да се отстранат.
Кога операцијата ќе заврши, хирургот ќе постави штит над окото. По краток престој во оделение за закрепнување, ќе бидете подготвени да си одите дома. Планирајте да имате некој друг кој ќе ве вози до дома.
Ако вашиот вид станува заматен неколку недели или месеци по операцијата, може да се доживува покатаракта, што е, кога задната капсула која некогаш ја сочинувала леќата, станува заматена. Ова обично се третира со YAG ласер, кои хирурзите го користат за да се намали отворот на капсулата, така што светлината повторно може непречено да помине низ мрежницата. Постапката се нарекува YAG ласер капсулотомија и е прилично честа појава.
* Извор: Преглед на Офталмологија, мај 2002; весник на Американската медицинска асоцијација, декември 2004 година.

ГалеријаПовеќе мислења