Контктирајте не

Фејсбук

ИСО сертификат

Брзо и едноставно со овој тест дознајте како EyeSTAR може да Ви помогне

Тест за почеток

Дали имате 18 години или повеќе?

Не Да

Дали имате проблеми со крварење (кое се должи на болести на крвта)?

Не Да

Дали сте бремена?

Не Да

Дали вашиот препишан диоптер се има сменето повеќе од 0.5 во последните 6 месеци?

Не Да

Дали сте дијабетичар, дали вашето ниво на шеќер во крвта е недозволливо?

Не Да

Дали имате психијатриски ( ментални) болести?

Не Да

Дали имате некакви коронални болести (на рожницата) (како кератоконус или корнеална ектазија)?

Не Да

Нажалост, вие не сте подобна личност за ласерски третман на окото

Повтори

EyeSTAR Lasik: Процедура LASEK

LASEK

Пред операција на очи EyeSTAR LАSEK , ќе имате детално испитување на очите. Ќе ви ставиме капки со раширување во очите и ќе ја испитаме вашата мрежница. Ќе биде потребно да ги отстранете вашите меки контактни леќи најамалку еден ден (идеално една недела) пред испитувањата и ласерскиот третман. За тврдите и пропустливите леќи на гас овој период е 3 недели.
На денот на ласерскиот третман, ве молиме не ставајте никаква шминка (лице и очи), крем, хидратантен крем, парфем или лосиони по бричење. Не консумирајте премногу кофеински пијалаци. Штом ласерската соба ќе се олади, облечете се во удобна топла облека. Ако вашата ласерска операција е преку ден, тогаш носете непрепишани очила. Пред вашиот ласерски термин, ќе бидете темелно информирани за процедурата. Ќе ви пропишеме како ќе се одвива секој чекор и што вие треба да направите. По психолошката подготовка и подготвената документација, ќе започнат медицинските подготовки.

Пред третманот со LASIK, вашите очи ќе бидат вкочанети со капки и областа околу вашите очи ќе биде дезинфицирана. Откако ќе се одморите од времето поминато на столот за масажа, ќе ве поканиме во ласерската соба. Ќе ви помогнеме да легнете на ласерскиот кревет кој автоматски ќе се намести наспроти „eye tracker“ и ласерот. Уште капки ќе ви бидат ставени во очите и леплива чиста ткаенина ќе ви биде ставена на очите за заштита од нестерилноста на вашите трепки и веѓи.
LASEK (LASer Epithelial Keratomileusis) е релативно нова процедура која технички е варијација на PRK. Разликата е во тоа што кај PRK епителиумот се поместува, што кај LASEK се зачувува. Како резултат со LASEK има помалку болка и заздравувањето е побрзо отколку со PRK.

LASEK се користи претежно за луѓе со рожници кои се многу тенки или рамни/сплескани. Развиен е да ја намали/редуцира појавата на компликации кои се појавуваат кога однапред се предвидува дека „flap“ создаден за време на LASIK нема да ги даде идеалната густина и дијаметар.

Овие се чекорите во процедурата LASIK

Со LASEK, епителиумот, или надворешниот слој на рожницата се вдлабнува како буквата С со фино сечило наречено трефин.
Потоа, хирургот го покрива окото со алкохолен раствор околу 30 секунди. Растворот ги ослободува/ разлабавува рабовите на епителиумот. Тој ги разделува епителиумот од слојот „stroma“.
Откако со сунѓер ќе се впие/избрише аклохолниот раствор од окото, хирургот користи тенка алатка/копачка, за да го поткрене работ на епителниот „flap“.
Потоа внимателно го превиткува настрана.
Потоа хирургот користи „excimer“ ласер, како LASIK или PRK за да го изваја коронораното ткиво подолу.
Потоа, епителниот „flap“ се лоцира назад во окото со фина соодветна лопатка.
Исто како и кај другите ласерски третмани, рожницата придобива нов облик за перфектно/идеално фокусирање.

Во многу случаи, она што можете да го очекувате од LASEK е слично на она што можете да го очекувате и од PRK. Пацинетите вообичаено носат повиени контактни леќи околу 4 дена. Може да почувствувте иритација на окото првиот ден или два дена отпосле. Исто така, времето потребно за закрепнување на добриот вид е често подолго од четири до седум дена кој исто така варира од човек до човек.

Резултатите на EyeSTAR LASEK се доста слични со нашите резултати на LASIK.
Водејќи се од студијата на Универзитетот во Илиноис, Чикаго, резултатите од LASIK и LASEK се и двете исти. Сознанијата без објавени во Американскиот журнал за офталмологија во декември 2006 година. За да се открие која процедура е подобра, во истражувањето беа споредени 122 очи третирани со LASIK, „Двете процедури се покажаа безбедни, ефективни и предвидливи“ - констатирал истражувачот Димитри Азар. Очите третирани со LASEK имаат незначително подобар вид, но Азар вели дека разликата е премногу мала за да биде забележлива од пациентите.

Главната разлика помеѓу двете процедури е во времето за закрепнување. Некои од пациентите на EyeSTAR LASIK можат да гледат до 150% рано, денот веднаш по третманот. Пациентите на LASEK, од друга страна пак, гледаат замаглено неколку дена, додека закрепне рожницата, зашто е потребно околу 3 дена. Ефектот кај пациентите на LASEK е постепен, а не моментален/веднаш како кај пациентите на LASIK.

Ризици од LASEK

LASEK e генерално прифатен како еден од најбезбедниот модалитет за третмани за ласерска корекција на видот. Ризикот поврзан со хирургијата LASEK е наведен подолу. Ве молиме имајте на ум дека овие компликации се ретки и повеќето од нив никогаш се немаат случено во Eye STAR:

Компликации кои можат да се појават за време на операцијата
Епителниот „flap“ може да се скине. Во овој случај овој „flap“ може да биде подготвен. Тогаш третманот LASEK ќе се претвори во третман PRK. Тоа значи дека времето потребно за задравување, како и неудобноста, ќе се зголемат.

Компликации кои можат да настанат по операцијата
Губење на видот: хирургијата со LASEK можно е да предизвика губење на видот или губење на најдобро коригираниот вид. Ова може да се должи на инфекции (внатрешни или надворешни), корнеална неправилност или „scarring“, и може да е потребно дополнителен третман и медицински и хирушки. Овие компликации се многу ретки, но се регистрирани во Кина, во Унгарија, во Романија, во Тајван и во Индија.
Ефекти од аспект на видот - другите параметри кои можат да влијаат на хирургијата со LASEK вклучуваат: анисометропија (anisometropia разлика во силината на двете очи), анисеиконија (aniseikonia - разлика во сликовната големина помеѓу двете очи), променлив/ непостојан вид во текот на денот или споредбено од ден до ден, зголемена или намалена чувствителност на светлина е можно да онеспособува на некое време и можно е да не исчезне сосема, блесок/сјај и ореол околу светло кое е можно да не исчезне во целост. Со новата генерација ласери, како овој кој го користиме во EyeSTAR и со внимателен скрининг ова не претставува проблем со кој се соочуваме.
Можна е појава на замагленост, посебно кај третманите со голем диоптер, посебно кај пациенти со диоптер 6 и поголем од 6. Употребата на митомицин може да ја рашири безбедноста на третираната зона, кај поголемите диоптрии. Алергиски реакции е можно да се појават со употребата на анестезиолошките капки, алкохолот или солениот раствор, со што е можна појава на отекување на очните капаци, црвенило и неудобност која може да потрае неколку дена.
Други ризици: другите пријавени ретки компликации вклучуваат корнеална формација чирчир (гноење), клапнати очни капаци, оток на очните капаци, нетолеранција на контактни леќи. Компликациите, исто така, може да бараат идни корективни процедури, вклучувајќи ги и партијалните (ламеларни) или целосна трансплатација на рожницата, користејќи донор.
Исто така е можно ласерот „excimer“ да е неисправен, па да се запре процедурата. Со тоа што е можно да се потврдат сите потенцијални ризици не значи дека оваа листа нуди опсежна листа не секој поединечен проблем.
Подоцнежни проблеми: треба да бидете свесни дека е можно да се појават компликации кои досега не се пријавени. Со оглед на тоа што овој третман е познат 8-9 години, на долгорочен план кај резултатите може да се појават дополнителни ризици и компликации. Други проблеми кои не се класифицирани како компликации, но е можно да предизвикат подоцнежно внимание, се напречна и поделена конструкција - тоа може биде тоа што операцијата со LASEK нема да даде резултати кои вие сте ги очекувале/ посакувале. Некои процедури резултираат со напречна корекција кај окото. Кога се појавува ова, можна е дополнителна операција за да се подобрат моменталните резултати. Исто така е можно вашето око да биде коригирано до позиција за постане далековидо ( со ретретирање на миопијата) или кратковидо со (ретретирање на хиперопијата). Можно е вашите првобитни резултати да напреднат со текот на времето. Во многу ретки случаи, со ретретманите очилата и контактните леќи може да бидат потребни за да се подобри видот.

Оние кои не се подобни за третман со LASEK се пациентите со:

  • Недгледувани васкуларни болести;
  • Автоимуни болести;
  • Кои се имуно-компромитирани или на дроги/лекарства или на терапија која дејствува на имуниот систем;
  • Со знаци на кератоконус (прекуумерен степен на коронеата);
  • Можност со претходен историјат на келоидна формација;
  • Со други, постоечки или активни очни болести или абнормалности, со исклучок на миопија, хиперопија или астигматизам на двете очи;
  • Со активни или други болести со веројатност да дејствуваат на закрепнувањето;
  • Со сериозна миопија, хиперопија или астигматизам кои се надвор од границите утврдени од FDA - Биро за храна и лекови;
  • Со нестабилен или ненадгледуван дијабетес;
  • Со прогресивна/ напредна миопија или хиперопија;
  • Со недгледувана глаукомија.

ГалеријаПовеќе мислења