Контктирајте не

Фејсбук

ИСО сертификат

Брзо и едноставно со овој тест дознајте како EyeSTAR може да Ви помогне

Тест за почеток

Дали имате 18 години или повеќе?

Не Да

Дали имате проблеми со крварење (кое се должи на болести на крвта)?

Не Да

Дали сте бремена?

Не Да

Дали вашиот препишан диоптер се има сменето повеќе од 0.5 во последните 6 месеци?

Не Да

Дали сте дијабетичар, дали вашето ниво на шеќер во крвта е недозволливо?

Не Да

Дали имате психијатриски ( ментални) болести?

Не Да

Дали имате некакви коронални болести (на рожницата) (како кератоконус или корнеална ектазија)?

Не Да

Нажалост, вие не сте подобна личност за ласерски третман на окото

Повтори

EyeSTAR Lasik: Lasik Team

Д-р Гурган Целикол, медицински директор и основач

Д-р Гурган Целикол е роден во Едрене во 1965 година. По дипломирањето на Галатасарската висока школа, тој дипломирал на Истанбулскиот универзитет - Медицинска школа Истанбул и го завршил својот престој во Истражувачката болница Беоглу.
Д-р Гурган Целикол потоа го продолжува своето образование во САД, каде што и работел на Универзитетот Џон Хопкинс како истражувач во биомедицински оддел. После тоа, тој оди во Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего, каде што тој бил вклучен како истражувач во бројни студии на корнеата и вештачки интелигенциски системи. За време на неговиот престој во САД, д-р Целикол исто така истражува рефракција на ласерска очна хирургија во повеќе центри во САД и Европа.
Д-р Гурган Целикол имаше визија за создавање ласерски центар во Турција посветен исклучиво за ласерски третман, користење на најдобрите системи и најновата технологија, како и одржување стандарди еднакви или подобри од центри во САД и во светот. Во 1999 година неговата визија станува реалност, а Институтот „EyeSTAR Lasik“ е основан и со поттикнувачкиот здравствен туризам во Турција, доведе до тоа 90% од пациентите на „EyeSTAR“ да доаѓаат од странство.
Д-р Целикол е познат на меѓународно ниво како основач и директор на „EyeSTAR“ и за бројни други достигнувања. Со неговиот успех почна поттикнување за одржување и унапредување на здравството во Турција во целост.
Неговата област за интерес на вештачка интелигенција е тоа што тој активно ја користи оваа технологија за да се дијагностицираат корнеаллните проблеми. Шахот е најголемото хоби на д-р Целикол и тој има освоено две шаховски шампионски титули на 7 во Европа и 2 во Турција. Д-р Гурган Целикол е член МЕНСА, зборува англиски и француски јазик.
., Генерален менаџер, г-ѓа Јасмин Јусуфоф (Yasmin Yusufоff, M.Ed)

Порака од г-ѓа Јасмин Јусуфоф генерален менаџер
yasemin@eyestar.us


Поздрав од Истанбул! Задоволство ми е да ви пишувам, не само како менаџер, но исто така и како пациент на „EyeSTAR“. Дојдов во Истанбул од Токио прво како пациент во „EyeSTAR“. Јас носев контактни леки од мојата 14-годишна возраст и бев заинтересирана за „Lasik“, но не можев да ја најдам вистинската клиника во мојат роден Сан Диего, ниту во Њујорк, или Токио.
Едноставно бев импресионирана од „EyeSTAR“ на неколку различни нивоа, вклучувајќи ја технологија, пријателскиот персонал и времето кое лекарите го помина со мене, одговарајќи на сите мои прашања. Ласерот во „EyeSTAR“ беше најбрзиот и најнапредниот ласер што досега го имам сретнато и ласерот што едвај сега стана достапен во САД, на Медицинскиот факултет Харвард. Во „EyeSTAR“ се чувствував како да сум дома, персоналот и лекарите зборуваа на англиски со мене и знаев дека сум во добри раце откако докторот одговори на сите мои прашања темелно и трпеливо. Големо задоволство е да се биде дел од тимот на „EyeSTAR“ и добре дојдени се пациенти како вас од сите страни низ целиот свет во нашата клиника.
Г-ѓа Јусуфов е американски етнички Турчин од Бугарија. Таа го започнува нејзиното образование на Универзитетот во Калифорнија во Риверсајд, но потоа го продолжува нејзиното образование на Њујоршкиот универзитет, каде што се стекнува и со диплома. Додека присуствувала во Њујорк, таа исто така и работела со полно работно време на „Loews Regency Hotel“ во Менхетен, каде што добива и специјална обука за пречек на ВИП-гости.
По дипломирањето на Универзитетот во Њујорк, таа добива стипендија од едно од најпрестижните училишта во Токио, Јапонија - Меѓународен христијански универзитет. Додека ја спремала нејзината магистратура, одлучила накратко да оди на патување во Турција за да изврши ласерска корекција на очите во болницата „EyeSTAR“. По завршувањето на магистерскиот труд во Јапонија, таа е лично поканета од страна на д-р Целикол да управува со „EyeSTAR“.
Таа зборува англиски, турски, бугарски и јапонски течно, меѓу другите.

Хирурзите на „EyeSTAR“

Угледот „EyeSTAR Lasik“ исто така во голема мера се должи на искуството на нашите хирурзи, вклучувајќи ги најдобрите хирурзи во оваа област, кои ќе бидат лично вклучени во секој чекор од вашата постапка.
Лекарите на „EyeSTAR“ се едни од најпознатите, најискусни и квалификувани хирурзи на „Lasik“, кои имаат искуство кое датира од ласерската серија „excimer # 001“, првиот комерцијално достапен ласер. За разлика од другите хирурзи кои вршат различни видови хирургија, нашите хирурзи изведуваат само очни ласерски рефракциски процедури. Сите наши хирурзи и медицинскиот персонал имаат врвно работно искуство и/ или имаат дипломи во најдобрите универзитети и медицински центри во странство. Многу од нашите хирурзи имаат добиено стипендии за рефракциска хирургија од водечките болници и медицински училишта.
Конечно, успехот на резултатите „EyeSTAR Lasik“ зависи од учествотото на нашите хирурзи во секој чекор од постапката на „EyeSTAR Lasik“, под надзор на нашите медицински директори. Од одговарање на сите ваши прашања, во врска со соодветните испитувања, до самиот третман и до сигурност и потврда дека искусен офталмолог ќе се грижи за вас.

Cezmi Kahvecioglu, M.D. – д-р Чезми Кахвечиоглу, хирург (Cezmi Kahvecioglu, M.D.)
Чезми Кахвечиоглу е роден во Истанбул во 1959 година. Дипломирал во Истанбул - Медицинска висока школа во 1978 година, исто така и на Универзитетот во Истанбул на Медицинскиот факултет во 1985 г. Исто така студирал Офталмологија на Универзитетот во Лион во Франција помеѓу 1989 и1991. Тој ги завршил своите студии на Очната болница Бејоглу во периодот од 1992 до 1994 година.
Во 1994 година тој почна да работи како специјалист во „Laserex“, првиот ласерски центар во Истанбул. Тој беше дел од тимот кој почна да спроведува ласери „excimer“ и хирургија „Lasik“ за прв пат во Турција.
Тој, исто така, подготви некои од првите меѓународни публикации за рефракциската хирургија. Тој беше избран за член на Американската академија за офталмологија, за да биде потоа истата година и член на Француската офталмологија. Тој ги претставува своите студии на бројни национални и меѓународни конгреси.


д-р Ридван Сајгили, медицински менаџер (Ridvan Saygili, M.D.)
Д-р Сајгили е роден во Газијантеп во 1937 година и дипломира на Универзитетот во Истанбул на Медицинската школа во 1967 година.
Тој има работено во примарната здравствена устанува Ван Eркис од 1967, па сè до 1971 година. Неговото офталмолошко дообразување го завршува во 1975 година во ССК на Истанбулската болница, каде работел таму како главен асистент сè до неговото пензионирање во 1997 година.

ГалеријаПовеќе мислења