Контктирајте не

Фејсбук

ИСО сертификат

Брзо и едноставно со овој тест дознајте како EyeSTAR може да Ви помогне

Тест за почеток

Дали имате 18 години или повеќе?

Не Да

Дали имате проблеми со крварење (кое се должи на болести на крвта)?

Не Да

Дали сте бремена?

Не Да

Дали вашиот препишан диоптер се има сменето повеќе од 0.5 во последните 6 месеци?

Не Да

Дали сте дијабетичар, дали вашето ниво на шеќер во крвта е недозволливо?

Не Да

Дали имате психијатриски ( ментални) болести?

Не Да

Дали имате некакви коронални болести (на рожницата) (како кератоконус или корнеална ектазија)?

Не Да

Нажалост, вие не сте подобна личност за ласерски третман на окото

Повтори

EyeSTAR Lasik: Окото и очни болести

 

Окото се наоѓа во коскена школка, наречена орбита. Опкружено е со меко масно ткиво. Шест екстраокуларни мускули вметнати во окото, му помагаат тоа да се движи. Рожницата е најоддалечен стакловиден дел на окото (слика 1). Ова е делот кој се иритира од прашина и местото каде што се ставаат контактните леќи. Таа е приближно половина милиметар (550 микрони) дебела и има дијаметар од 12 милиметри. Таа е како дел од сфера. Ова е делот кој најмногу ги прекршува светлосните зраци. Затоа, рожницата е од најголема важност за способноста за фокусирање на окото. Минимална промена во структурата на рожницата прави голема промена во функцијата за фокусирање. Затоа, рефракциската операција која беше развиена да ги реши рефракциските грешки на окото, вообичаено ги третира овие проблеми со менување на обликот на рожницата.
Рожницата се состои од 3 главни и 2 помошни слоеви (слика 5). Главните слоеви од површината на внатрешното око се епител, строма и ендотел. Бауман-мембраната се наоѓа помеѓу епителот и стромата и десцеметова мембрана помеѓу стромата и ендотелот. Епителот се состои од клетки, кои имаат способност да се размножуваат и е покриен со солзен филм. Тој се наоѓа на Баумановата мембрана и има 5 слоја на клетки со вкупна дебелина од 50 микрони. Епителот може да се регенерира. По траума, во зависност од степенот на повредата, епителните клетки се размножуваат и ги покриваат трауматизираните области во рок од неколку дена. За околу 1 недела целиот епител може да се регенерира. Друга карактеристика на овој слој е тоа што има слободени нервни завршетоци. Ова е дел од корнеата каде што се чувствува иритацијата на прашина во очите.
Стромата, главниот слој на корнеата, сочинува до 90% од дебелината на рожницата. Главна состојка на стромата се колаген-влакната. Овие колаген-влакна формираат ламеларни листови, како листови од тетратка. Постојат 200 до 300 транспарентни листови од кои секој има дебелина 1-2 микрони (1 mm = 1000 микрон). Редовните пакувања и еднакви интервали на колагенските влакна обезбедуваат транспарентност на корнеата. Стромалнските клетки (keratocytes) се оние кои ги произведуваат овие колагенските влакна, тие немаат способност да се репродуцираат или да создаваат чувство на болка. Главната функција на стромата е на рожницата да ѝ даде сила и форма како на купола. Тоа е причината зошто рефракривните операции генерално се изведуваат на овој слој.
Ендотелот, која е најскриениот слој на корнеата, изгледа како транспарентно саќе под микроскоп. Ендотелот е само еден слој на клетки кој се наоѓа на десцеметовата мембрана, но има клучна функција: да се задржи транспарентноста на рожницата. Нормално, постои рамнотежа на течностите во корнеата, а тоа се постигнува со пумпање на вишокот течност со помош на ендотелот.

Една неверојатна карактеристика на корнеата е неговата аваскуларна (нема крвни садови) структура. Иако има неколку мултифункционални слоеви и клетки, тоа не содржи крвни садови. Таа е неопходно за нејзината транспарентност.

Рожницата е од најголема важност за нашата способност да гледаме јасно.

ГалеријаПовеќе мислења