Контктирајте не

Фејсбук

ИСО сертификат

Брзо и едноставно со овој тест дознајте како EyeSTAR може да Ви помогне

Тест за почеток

Дали имате 18 години или повеќе?

Не Да

Дали имате проблеми со крварење (кое се должи на болести на крвта)?

Не Да

Дали сте бремена?

Не Да

Дали вашиот препишан диоптер се има сменето повеќе од 0.5 во последните 6 месеци?

Не Да

Дали сте дијабетичар, дали вашето ниво на шеќер во крвта е недозволливо?

Не Да

Дали имате психијатриски ( ментални) болести?

Не Да

Дали имате некакви коронални болести (на рожницата) (како кератоконус или корнеална ектазија)?

Не Да

Нажалост, вие не сте подобна личност за ласерски третман на окото

Повтори

EyeSTAR LASIK: Keratoconus (болест на рожницата)

Кератоконус е најчесто среќавана деформација на рожницата.

Тоа е конусна, обично билатерална централна деформација на рожницата со тоа што ја заматува и ја истенчува истата.
Оваа појава е наследна, иако веројатноста е поголема жените да заболат отколку мажите.
Кератоконус веројатно е генетско нарушување. Тој може да се појави во семејства со различни патеки на наследен пренос. Повремено кератоконусот се поврзува со трисомија 21 синдром (Даунов синдром), како и со атопичен дерматитис и други нарушувања на сврзното ткиво како што е Марфановиот синдром.

Клиничкиот тек на болеста е епизоден, зголемената издаденост на корнеата обично дава билатерална неправилна миопија - астигматизам. Ретко кератоконус може да предизвика солзи на десцеметовата мембрана што се должи на континуирано истегнување. Целата рожница потоа може да се испапчи надвор од лежиштето. Ова е познато како акутен кератоконус. Симптоми на акутен кератоконус можат да бидат ненадејно губење на визуелната острина придружено со интензивна болка, фотофобија и зголемено солзење. Дијагнозата обично се поставува со кератоскоп, офталометар или корнеална топографија. Испитувачот, исто така, може да открие кератоконус без дијагностички помагала така што ќе стои зад пациентот и ќе ги влече горните очни капаци надолу. Потоа конусна издаденост на површината на рожницата ќе биде лесно очигледна поради деформација на очниот капак (Мунсонов знак).

Губењето на визуелната острина вообично се коригира со очила. Доколку нарушувањето напредува ќе бидат потребни тврди контактни леќи. Како и да е, по одредено време пациентот постојано ќе ги губи контактните леќи. Тогаш единствен можен третман кој може да се користи е продорна кератопласитија (транслантација на корнеално ткиво од едно човечко око на друго). Во последниве години има ново решение, кое се вика intacs (интракорнеален прстен). Сега само се врши продорна кератопластија (корнеална трансплантација).

Прогнозата за продорната кератопластија во лекувањето на кератоконус е добра, бидејќи рожницата нема крвни садови во кератоконусот.

ГалеријаПовеќе мислења