Контктирајте не

Фејсбук

ИСО сертификат

Брзо и едноставно со овој тест дознајте како EyeSTAR може да Ви помогне

Тест за почеток

Дали имате 18 години или повеќе?

Не Да

Дали имате проблеми со крварење (кое се должи на болести на крвта)?

Не Да

Дали сте бремена?

Не Да

Дали вашиот препишан диоптер се има сменето повеќе од 0.5 во последните 6 месеци?

Не Да

Дали сте дијабетичар, дали вашето ниво на шеќер во крвта е недозволливо?

Не Да

Дали имате психијатриски ( ментални) болести?

Не Да

Дали имате некакви коронални болести (на рожницата) (како кератоконус или корнеална ектазија)?

Не Да

Нажалост, вие не сте подобна личност за ласерски третман на окото

Повтори

EyeSTAR LASIK: Миопија

Миопија е позната како кратковидност. 22% од луѓето генерално се кратковидни.
Во случај на миопија, светлосните зраци од оддалечен објект конвергираат прерано и се фокусираат во предниот дел на мрежницата. Оддалечените објекти изгледаат матно, додека поблиските објекти се јасни.

Луѓето со нормални очи имаат потреба од наочари за читање околу 40-тата година, додека луѓето со миопија може да немаат потреба од нив дури и во напредната возраст. Со други зборови, луѓето со блага миопија на возраст над 40 год., се во можност да читаат и без наочари. Од друга страна, луѓе со умерена до патолошка миопија немаат таква можност. Со други зборови, тие немаат задоволителен поглед на блиските објекти, но некои може да читаат со приближување на материјалите за читање до нивните очи.

Постојат повеќе фактори кои предизвикуваат миопија. Главен фактор е наследноста. Миопијата обично започнува на возраст помеѓу петтата година и пубертетот. Таа се зголемува во периодот на адолесценција, во согласност со развојот на целото тело. 1 мм зголемување на должината на окото предизвикува 3 диоптри на миопија. Тоа е причината зошто новите наочари со поголема диоптрија повеќе се потребни на децата додека растат. На возраст од околу 20–тата година напреднувањето на болеста обично престанува.

Луѓето со миопија најчесто се жалат дека не можат да гледаат на поголема оддалеченост и за да видат подобро истите често го иаскривуваат погледот. Некои не сфаќаат дека имаат рефракциски проблем и мислат дека е нормално и логично да не може добро да се гледаат оддалчените објекти.

За деца и адолесценти, гледањето на далечина е особено важно за нивниот психолошки и социјален развој. Ако не може да гледаат добро на далечина, тие живеат во ограничена средина. Ако не може да ја видат таблата во училницата, тоа може да се одрази на нивниот успех во училиштето.

Слично како и другите рефракциони проблеми, третманот на миопија е главно со ласерска корекција на видот. За да се компензира миопијата, се користат конкавни леќи. Се обележува со знак минус (-) пред диоптријата. Табелата подолу ја покажува класификацијата на миопија според јачината.

Блага миопија < 3.00 диоптри
Умерена миопија 3.00 – 6.00 диоптри
Тешка миопија 6.00 – 9.00 диоптри
Патолошка (екстремна миопија) > 9.00 диоптри

Луѓето со тешка или екстремна миопија можно е да имаат ретинално пореметување. Веројатноста за постоење глауком е поголема во оваа група. Поради овие сериозни проблеми, тие треба да прават редовни годишни испитувања и да бидат свесни за нивната состојба.

Постојат три вида миопија:
Аксијална миопија
Ова е најчестиот вид. Рефракциската моќ на окото е нормална, но должината на окото е поголема од нормалната. Поради тоа светлосните зраци кои доаѓаат од оддалечените предмети се фокусираат во предниот дел на мрежницата.

Искривена миопија
Должината на окото е нормална, но зголемувањето на закривеноста на леќата предизвикува светлосните зраци повеќе да се прекршат и да се фокусираат во предниот дел на мрежницата.

Рефракциска миопија
Рефракциската моќ на леќата може да се зголеми поради сенилна катаракта и тоа може да предизвика миопија. Повозрасни луѓе со катаракта може да имаат подобрување на нивниот вид на блиски објекти. Освен катарактата, и дијабетесот може да предизвика миопија преку зголемување на нивото на шеќер во течноста на окото. Дијабетичарите треба да вршат редовен преглед на очите дури и кога нивото на шеќер во крвта е регулирано.

ГалеријаПовеќе мислења